Општина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР „Партенија Зографски“ и Студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ обезбеди сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.
На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР „Партенија Зографски“
Иван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“
Перица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба.
– Дополнително ќе обезбедиме и храна и вода кои ќе бидат доставени пред болниците во Скопје. Нашите молитви се за здравје на повредените, но и за утеха на семејствата на загинатите. Многу тежок ден за Македонија! – рече градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, кој повика на солидарност, хуманост и сочувствителност.