ОБЕДИНУВАЊЕ НА ГАЗА СО ЗАПАДНИОТ БРЕГ Блинкен ги претстави клучните елементи за мир во Израел

Клучните елементи на идниот мир не подразбираат „присилно раселување на Палестинците од Газа“, ниту „намалување на територијата на Газа“ - истакнјува американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

402

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека клучните елементи на идниот мир не подразбираат „присилно раселување на Палестинците од Газа“.

-Не сега, не по војната – истакна Блинкен.






Тој наведе и други услови: нема употреба на Газа како платформа за тероризам или насилни напади, нема повторна окупација на Газа по завршувањето на конфликтот, нема обид за блокада или опсада на Газа, нема намалување на територијата на Газа и  мора да се обезбеди дека „никаква терористичка закана не доаѓа од Западниот Брег“.

Американскиот државен секретар исто така, зборуваше за дополнителни чекори за постигнување „одржлив мир“, вклучително и ставање на „палестинските гласови и аспирации во центарот на посткризното владеење во Газа“.

Блинкен истакнува и дека плановите мора да вклучуваат обединување на Газа со Западниот Брег под палестинската управа.

Поврзани содржини