ОБДУКЦИЈАТА ПОКАЖА ДЕКА ПАЛАНЧАНЕЦОТ БИЛ УБИЕН Мртвиот пронајден во стан не умрел од природна смрт
Констатирано е дека се работи за насилна смрт, односно убиство, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Седумдесет и шестгодишник од Крива Паланка завчера бил пронајден починат во својот дом, а обдукцијата покажала дека се работи за убиство.
„На 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д.(76) од Крива Паланка, кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје констатирано е дека се работи за насилна смрт, односно убиство“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Оттаму додаваат дека ОВР Крива Паланка презема мерки за расчистување на случајот.