Oбјавено видео од состанок на штабот на Ал-Каеда (ВИДЕО)
На видеото, споделено од Европа 1, може да се види група мажи, очигледно опуштени и насмеани, како седат во круг под шаторот.
Директорот на ДГСЕ (дирекцијата за надворешна безбедност), Бернард Емие го прикажа и коментираше видеото, на кое може да се распознаат тројцата главни водачи на Ал-Каеда во исламски Магреб (АКИМ), вклучувајќи го и неговиот водач, убиен минатиот јуни, јави дописникот на МИА.
ДГСЕ, Генералната дирекција за надворешна безбедност ретко зборува; уште поретко ги споделува своите документи кои се означени со „тајна-одбрана“. Но понекојпат има исклучоци, и Бернард Емие, директор на воздухопловната база на специјалните единици во Орлеанс, одржа конференција за време на која тој откри досега невиден документ: видео-снимка во срцето на Ал-Каеда во исламски Магреб, за време на состанок на нејзините главни водачи.
На видеото, споделено од Европа 1, може да се види група мажи, очигледно опуштени и насмеани, како седат во круг под шаторот. „Снимено е од лице кое се приближува до терористите“, прецизира Бернар Емие без да каже дали неговиот автор е агент на ДГСЕ или не. „Добивањето информации од ваква природа е основната работа на ДГСЕ“, додаде тој.
– Целта на овој состанок беше подготовка на големи операции на воените бази – рече Бернард Емие без да наведе повеќе детали.
На видеото, директорот за надворешна безбедност ги идентификува трите главни лика: Абделмалек Друкдел, поранешен емир на Ал-Каеда во исламски Магреб (АКИМ); Ијад аг-Гали, емир на Групата за поддршка на исламот и муслиманите (ГСИМ, или ЈНИМ на арапски јазик), Туарегот кој делува во северен Мали; и Амаду Куфа, емир од Фулани од Катиба Мачина, група со силно присуство во центарот на Мали.
Денес, од овие тројца водачи, само Ијад аг-Гали и Амаду Куфа се сè уште живи. Абделмалек Друкдел беше убиен за време на операција на француските специјалци на 3 јуни во Мали. Овој Алжирец, порано од групата Исламска армија, одговорен меѓу другото и за нападите на Сен Мишел во Париз во 1995 година, се сметаше за непријател број 1 на Франција. Ијад аг-Гали и Амаду Куфа сè уште се живи, веројатно во Мали каде го продолжуваат бунтот.
За време на својот говор, директорот за надворешна безбедност се наврати во состојбата на терористичката закана во Западна Африка. Цврсто етаблирани во Сахел, џихадистичките групи сега се вртат кон соседните земји.
– Овде е местото каде водачите на Ал-Каеда во Сахел го дизајнираа својот проект за проширување кон земјите од Гвинејскиот Залив. Овие земји сега се цели и да го олабават стисокот во кој се фатени и да се прошират на југ – предупреди поранешниот дипломат Бернард Емие.
Според него „терористите веќе финансираат поединци кои се шират на Брегот на Слоновата Коска или Бенин“.