ОБЈАВЕНИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СМРТТА НА БОБ САГЕТ Од што починал актерот?

Обдукцијата покажала дека не станува збор за насилна смрт ниту, пак, Сагет користел наркотици, објави Медицинското биро на округот Оринџ.

2,515

Омилениот американски стенд-ап комичар и актер почина на 66-годишна возраст, во период кога беше на турнеја низ САД. Сега се познати деталите за смртта на Боб Сагет.

Протекоа детали за смртта на американскиот водител, актер и комичар Боб Сагет, најпознат по улогата на Дени Танер во ситкомот „Полна куќа“. Според Си-ен-ен, обдукцијата покажала дека не станува збор за насилна смрт ниту, пак, Сагет користел наркотици, објави Медицинското биро на округот Оринџ. Причината за смртта дополнително се истражува, а истрагата би можела да трае од 10 до 12 недели.






Самата соба била во ред, „со предмети во сопственост на господинот Сагет на ноќното орманче, телевизиското орманче, орманот и бањата“, пишува во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Левата рака на Сагет била над градите, а десната била потпрена на креветот кога болничарите пристигнале во неговата соба во „Риц Карлтон“, Орландо, во неделата и го прогласиле за мртов, се вели во извештајот од канцеларијата на шерифот.

Сагет требало да се одјави од својата соба во недела, а кога членовите на семејството не можеле да контактираат со него, контактирале со тимот за обезбедување на хотелот, кој испратил чувар во неговата соба, се вели во извештајот на шерифот.

Кога собарката Џоди Ли Харисон влегла во собата, сите светла биле исклучени. Таа го нашла Сагет на креветот, стои во извештајот.

Поврзани содржини