ОБЈАВЕНA E НАЈГОЛЕМАТА СТУДИЈА ВО ИСТОРИЈАТА Ова се двете убедливо најопасни намирници што ги купувате

Иако ја јадеме и ја нарекуваме храна, ултра-обработената храна не е храна во техничка смисла. Тоа се производи кои имитираат вистинска храна, тие всушност се дизајнирани да се продаваат и да се јадат што повеќе, а не да му даваат енергија на телото и да овозможат негово одржување.

860

Срцеви заболувања. Дијабетес тип 2. Деменција. Синдром на нервозно дебело црево. Ова е само врвот на листата на болести и здравствени нарушувања поврзани со јадењето ултра преработена храна: кекси, салами, вештачки сосови, инстант супи, прашоци, газирани пијалаци, грицки…

Иако се чини дека отсекогаш ја знаевме опасноста од ултрапреработената храна, истражувањето за поврзаноста помеѓу оваа храна и ризикот од болести е релативно нова работа.






Логично, бидејќи до пред неколку децении ваквата храна се сметаше за симбол на модерното време, свесноста на потрошувачите и решение за сите нутритивни проблеми во светот.

Дури во средината на 90-тите, во една студија за причините за дебелината кај децата во Бразил, беше докажана силна врска помеѓу јадењето ултра-обработена храна и здравствените проблеми. Оттогаш, се променија многу работи во прехранбената индустрија.

Веганското движење доживеа процут, одржливоста стана глобална мантра, органски, природни, биодинамични се поими кои дури и децата во градинка ги знаат.

Сепак, речиси 90 отсто од сè што се продава во супермаркетите денес, места каде што 90 отсто од луѓето сè уште купуваат 90 проценти од храната што ја јадат, може да се класифицира како ултра-обработена храна.

Ако навистина решиме да купуваме само вистинска храна во супермаркетот, секое наше купување ќе биде завршено за пет минути: ќе прескокнеме поголем дел од полиците, ќе отидеме во рибарница или во месара, ќе одиме во пилјарата, ќе купиме овошје и зеленчук и евентулано неколку работи од фрижидерот со млечни производи и јајца, бидејќи во ултра-преработена храна спаѓаат и овошните јогурти, разните житарки, растителните млека, интегралниот леб и слични „здрави“ производи.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини