Објавена „бомба“ на која Јанакиески и Николоски договараат сообраќајка кај Пресека

3,090

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ денеска е објавена аудио снимка од телефонски разговор помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во разговорот се слуша како Јанакиески му предлага на Николоски да организираат сообраќајна незгода на превојот Пресека на патниот правец Кичево – Охрид, со цел да спречат поголема група Албанци да пристигнат на гласање на локалните избори во Кичево во 2013 година, кои претходно требало со два авиони да слетаат на охридксиот аеродром.






Сличен разговор беше презентиран и во судскиот процес за предметот „Титаник“ за изборни измами пред две години, на кој се слушаа предлозите на Јанакиески и Јанкуловска на денот на изборите, 24 март 2013 година, некои членови на ВМРО-ДПМНЕ да превртат трактор или пак да истурат песок од камион за целосно да го блокираат патот Кичево – Охрид, бидејќи како што велат Албанците „од аеродромот одат со автомобили, а не со автобуси“.

 

Поврзани содржини