ОБЈАВЕН ВОЗНИОТ РЕД ЗА ПЛОВЕЊЕ Еве кога ќе може да се возат скутери по македонските езера

Одлуката се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата.

732

Владата ја ограничи пловидбата на скутери и чамци во летниот период заради зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Одлуката за ограничување на пловидба на пловни објекти во Охридското, Преспанското и во Дојранското Езеро е донесена на предлог на Министерството за транспорт.

Со Одлуката се ограничува пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот до 19 часот. Пловидба на чамци се ограничува од 3 јуни до 31 август 2026 година во времетраење од 21.00 до 05.00 часот, од 1 септември до 30 септември 2026 година во времетраење од 20.00 до 06.00 часот и од 1 октомври до 31 октомври 2026 година во времетраење од 19.00 до 06.00 часот.






Одлуката се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата.

Министерството за транспорт соопшти дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

– Апелираме до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на надлежните органи – велат од Министерството за транспорт.

Поврзани содржини