Објавен списокот за финансиска помош од 6.000 денари од Владата

Но, во неа се уште ги нема самохраните родители, филмските и естрадни уметници. За нив пишува дека дополнително ќе бидат објавени.

1,009

Листата со граѓани на кои им следуваат по 6 илјади денари, конечно осамна на сајтот „Купувам домашно“.

Но, во неа се уште ги нема самохраните родители, филмските и естрадни уметници. За нив пишува дека дополнително ќе бидат објавени.






Граѓаните пак кои сметаат дека ги исполнуваат условите, но ги нема на листата, до утре, треба да поднесат приговор на веб страната со внесување на личните податоци и бројот на трансакција. Потоа во рок од неколку дена ќе добијат повратен одговор дали навистина им следува помошта.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека помошта доцни, но сепак додаваат дека во оваа криза секој денар е добредојден кога и да бидат префрлени парите.

Исплатата на парите треба да почне штом листите се конечни. Граѓаните со средствата ќе може да пазарат и по 25ти декември, односно нема да има никакви временски рокови..

Парите ќе легнат на трансакција на веќе постоечките сметки на граѓаните, оние кои имаат блокирани сметки или воопшто немаат, банките во кои се распределени се должни да им отвораат нови наменски. Но, сепак парите, нема да може да се вадат од сметките.

Со овој пакет помош, по 6 илјади денари им следуваат на пасивните баратели на работа, потоа пензиониерите со месечни пензии до 15 илјади денари, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, младите од 16 до 29 години кои не добија пари со претходната мерка, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, естрадните уметници, филмските работници.

Според првичните информации околу 300 илјади граѓани ќе добијат по 6 илјади денари за пазарење на домашни производи. За оваа мерка државата одвои 27 милиони евра.

Поврзани содржини