Објавен повикот за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект

За стратешки инвестициски проекти се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и инвестициски проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

400

Владата денеска го објавила јавниот повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестициски проект во „Службен весник на Република Северна Македонија “ и во најмалку три реномирани меѓународни економски списанија, согласно Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија.

Од Законот за стратешки инвестиции произлегуваат критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициони проекти од највисок стратешки приоритет за државата и има за цел да поттикнува, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Република Северна Македонија, зголемување на економски пораст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на земјава, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република Северна Македонија.






„За стратешки инвестициски проекти се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и инвестициски проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село“, се вели во владиното соопштение.

Јавниот повик е објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија, и е на Владата е на следниот линк.

 

 

Поврзани содржини