НУКЛЕАРНАТА ВОЈНА БИ ПРЕДИЗВИКАЛА ЛЕДЕНО ДОБА? Еве ги ужасите кои би можеле да траат 1.000 години
Чадот од макар и една нукларна бомба би се проширил на цела планета. Ќе биде блокирана светлината од Сонцето. Температурите ќе бидат за 10 степени пониски, океаните ќе се оладат, рибите ќе изумрат. Светот пак ќе биде во битка за нафта, гас и храна, но клучните пристаништа ќе бидат блокирани од мразот кој ќе достигне до два метри под вода. Ситуацијата би можела да трае 1.000 години, како еден вид „микро ледено доба“.
Светските аналитичари ја исклучуваат можноста конфликтот во Украина да предизвика нуклеарна војна меѓу големите светски сили. Но, не целосно. Москва во еден момент дури ја зголеми „нуклеарната готовност“ и се фалеше дека во рок од минути би можела да ги погоди Лондон, Берлин, Париз…Но, како би изгледала оваа нуклеарна апокалипса?
Ефектот од бомбата, би траел барем 1.000 години. Просечната температура во светот ќе се намали за околу 10,5 степени, што е повеќе отколку што се намалила во последното ледено доба, пишува Мондо. Она ледено доба откако астероид ги збриша диносаурусите. Мразот тогаш траеше повеќе од 100.000 години.
Времето ќе биде ладно бидејќи чадот од големата експлозија, или повеќе експлозии, сериозно ќе ја блокира светлината од Сонцето. А чадот од „печурката“ ќе се прошири насекаде. Никој нема да биде поштеден од радијацијата.
„Не е важно кој кого бомбардира. Тоа може да бидат Индија и Пакистан или НАТО и Русија. Откако чадот ќе се ослободи во горниот дел од атмосферата, тој се шири на глобално ниво и ги погодува сите”, вели д-р Шерил Харисон од Државниот универзитет во Луизијана.

Нуклеарна зима
Тимот на Харисон прави научна студија за нуклеарната апокалипса. Но, никој не очекуваше „нуклеарна зима“. Океаните неповратно ќе се оладат, сугерира студијата. Дури и откако ќе се исчисти чадот, океаните ќе останат ладни. Мразот во морињата ќе порасне на две метри длабочина и ќе ги блокира клучните пристаништа во Пекинг, Копенхаген и Сво анкт Петербург.
Потоа мразот ќе се прошири во крајбрежните региони со нормални умерени температури и ќе го спречи транспортот низ северната хемисфера, што ќе го отежне снабдувањето со храна и залихи до некои градови како Шангај, каде што бродовите не се подготвени да се справат со морскиот мраз. Недостатокот на светлина и падот на температурата на морето, особено од Арктикот до Северниот Атлантик и Северен Пацифик, би ги убиле алгите кои ја формираат основата на мрежата на морската храна.

Рибите ќе изумрат од „океански глад“
Морските екосистеми ќе бидат уништени и на почетокот и во новата состојба на океанот, што ќе резултира со долгорочни глобални влијанија врз рибарството и другите услуги, додаде таа.
Истражувачите рекоа дека риболовот и аквакултурата ќе бидат запрени со создавање на „океански глад“. Еден извештај симулира сценарио во кое САД и Русија користат 4.400 нуклеарни оружја од 100 килотони за бомбардирање градови и индустриски области. Во овој случај, пожарите би ослободиле 150 тераграми, или повеќе од 136 милијарди килограми, чад и црн јаглерод што апсорбира сончева светлина во горниот дел од атмосферата.
Друг модел покажа дека ако Индија и Пакистан детонираат 500 нуклеарни оружја од 100 килотони, тоа ќе произведе од пет до 47 тераграми или од 5 милијарди до 46 милијарди килограми чад и саѓи.
– Нуклеарната војна има страшни последици за сите. Светските лидери претходно ги користеа нашите студии како поттик за ставање крај на трката за нуклеарно вооружување во 1980-тите, а пред пет години да донесат договор во Обединетите нации за забрана на нуклеарното оружје – рече коавторот на студијата, професорот Алан Робок од Универзитетот Рутгерс.

Нови кризи со нафта, гас и со жито
Тој додаде дека се надева дека оваа нова студија ќе поттикне повеќе нации да го ратификуваат договорот за забрана на нуклеарното оружје. Пресметките ја покажуваат и меѓусебната поврзаност на системите на Земјата, особено во случај на прекини предизвикани од вулкански ерупции, масовни шумски пожари или војна.
– Актуелната војна во Украина со Русија и како таа влијаеше на цените на бензинот навистина ни покажува колку нашата глобална економија и нашите синџири на снабдување се кревки за она што може да изгледа како регионален конфликт – рече д-р Харисон.
Девет земји во светот, во моментов имаат повеќе од 13.000 нуклеарни оружја. Вака велат бројките од Стокхолмскиот меѓународен институ за истражување на мирот.