НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА КРШКО Е БЕЗБЕДНА Прогласена вонредна состојба поради високото ниво на реката Сава

Состојбата будно ја следи експертската група на Управата за нуклеарна безбедност на Република Словенија,

194

Силното невреме што предизвика поплави во Словенија, го стави во состојба на готовност и персоналот во нуклеарната централа Кршко. Од Кршко имформираа дека нуклеарната централа е во безбедна и стабилна состојба.

-Поради големиот проток и високото ниво на реката Сава, будно ја следиме состојбата, персоналот на електраната е во готовност, односно прогласи вонредна состојба во согласност со Планот за заштита и спасување. Електраната продолжува стабилно да работи – соопштија од НЕ Кршко.






Со помош на разладни кули се намали вадењето вода од реката Сава, полна со нечистотии.

Состојбата будно ја следи експертската група на Управата за нуклеарна безбедност на Република Словенија, која ќе ја информира јавноста за натамошниот развој.

Поврзани содржини