НУКЛЕАРКА САМО ВО СЛУЧАЈ АКО БИДЕМЕ ЗАГРОЗЕНИ Песков вели дека уште се планира „специјалната воена операција“
Запрашан за нуклеарното оружје, што постојано му се поставува како прашање од почетокот на руската окупација, Песков кажа дека Русија ќе го употреби само доколку биде загрозено нејзиното постоење како држава.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење. Песков наведува дека целта на руската операција врз Украина не е окупација на земјата, пренесе Тасс.
Тој изјави и дека никој не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена и дека целата кампања сѐ уште се планира.