Новосаѓани плачат на улица, палат свеќи пред домот на Балашевиќ

2,119

Весат за смртта на сограѓанинот Ѓорѓе Балашевиќ новосаѓани ја дочекале во целосен шок. На улиците во градот, како што се ширела веста, буквално можат да се видат луѓе како плачат во неверување, пишува Нова.рс.

– Значи точно е. Се надевав дека е лажна вест и излегов да проверам со колешката. Како да ми починал некој мој, не знам како да опишам – вели расплакана работничка од бутик.






Тажни лица има насекаде во градот, а повеќето кафулиња во центарот спонтано ги пуштаат песните на Балашевиќ.

– Не можам да кажам дека го слушав, ама, човеку, некако баш ме стегна. Сепак тоа е Ѓоле – вели келнер.

Граѓаните на Нови Сад спонтано тргнале кон центарот на градот и во Салајци, каде што е куќата на Балашевиќ, за да му оддадат почит на својот сограѓанин, на човекот кој беше симбол на Нови Сад, исто како Петроварадинската тврдина.

Поврзани содржини