Новороденче се заразило од ковид, 137 деца биле хоспитализирани за три недели

Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова вели дека ни најмалите не се поштедени од овој вирус, но сепак поминуваат најдобро.

953

Новороденче старо само неколку дена е најмладиот пациент заразен со коронавирус во Македонија, јави ТВ 21.

Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова вели дека ни најмалите не се поштедени од овој вирус, но сепак поминуваат најдобро.






40-тина деца се лекуваат во моментов со нивните мајки на Клиника детски болести во Скопје откако од пред три недели е ковид центар.

– Најмалото ни е новороденче старо неколку дена и тие не се поштедени, меѓутоа поминуваат најдобро. Оние што сме ги третирале од еден и пол месец најчесто ставаме антибиотик, со кој треба да се спречи секундарна инфекција. Ова е вирусна инфекција и за тоа нема третман кај децата, но затоа секундарната може да направи проблем и затоа мора да биде третирана со антибиотска и инфузиона терапија – вели д-р Аспазија Софијанова.

Поврзани содржини