НОВОМААЛЦИ ГО ВОЗВРАТИЈА УДАРОТ Доста ни е од тие што седат во удобни станови и изигруваат борци за екологија!

Доста ни е од манипуланти и самопрогласени борци за екологија кои со целосно уредени животи, изградени куќи и станови се борат за паркингот на кој нема ништо друго освен распукан бетон, многу прашина и нашите распаднати куќи кои 70 години не можеме да ги поправиме, порачуваат жителите на Ново Маало.

5,874

Граѓаните на Ново Маало им порачуваат, на како што велат, лажните борци за екологијата од „Зелен хуман град“ и од „Шанса за Центар“ да не помислуваат да ја повикуваат Општина Центар за суспензија на ДУП-от кај „Холидеј Ин“.

– Доста ни е од манипуланти и самопрогласени борци за екологија кои со целосно уредени животи, изградени куќи и станови се борат за паркингот на кој нема ништо друго освен распукан бетон, многу прашина и нашите распаднати куќи кои 70 години не можеме да ги поправиме – реагираат жителите на Ново Маало.






Тие потсетуваат дека Министерството за транспорт и врски веќе еднаш се изјасни за инцијативата за суспензија како неоснована и порачуваат да се престане со опструкциите.

– Ги повикуваме да престанат да држат непотребни прес-конференции кои не се ништо друго освен за нивна политичка промоција. „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ се во Советот на општината и како претставници на институциите тие треба да ни служат нам, а не да нè замајуваат 70 години.
Порачуваме на Општина Центар да не подлегнува на притисоците од овие лажни групи бидејќи нема да прифатиме никаква присилна суспензија. Предупредуваме и на Советот на општината, и на градоначалникот и на сите други институции на кои тие се повикуваат дека остро ќе протестираме и ќе се спротивставиме ако било што се запре. Од ова нема да отстапиме! – порачаа жителите на Ново Маало.

Поврзани содржини