НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ НА СТАТУИ ОД НЕПРОЦЕНЛИВА ВРЕДНОСТ Во Археолошкиот музеј на Македонија ставени црвени капи на бесценетите експонати(видео)

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ апелира до директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Славица Бабамова, да си даде неотповиклива оставка заради непочитување на законската регулатива за заштита на културното наследство.

2,222

Од Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ реагираа на одлуката на Археолошкиот музеј на Македонија, да ја дочека Новата година со украсени и наоблечени статуи од II и III век од н.е., со црвени капчиња, еленски рокчиња и шалчиња.

– Археолошкиот музеј јавно ги понижува и се фали со маскирањето на најубавите и најрепрезентативните статуи од Македонија во дедомразовци и еленчиња. Какво јавно исмевање на нашето културно наследство и историја е ова и зошто? Дали некој ќе одговара што домашните и странските посетители од вторникот можат да се сликаат и исмеваат со нашето културно наследство во нашиот врвен државен музеј? Музејот кој ја претставува цела Македонија! Ако ова го направеше кој било обичен човек или се случеше во која било нормална земја, државата ќе го гледаше тоа како врвен вандалски чин и потсмевање на културното наследство. Но не и во Македонија, земја со забранета и цензурирана историја. Јавно прашуваме дали оваа практика ќе продолжи и во иднина и дали тоа ќе можат да го прават сите?






Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ апелира до директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Славица Бабамова, да си даде неотповиклива оставка заради непочитување на законската регулатива за заштита на културното наследство, како и културните вредности на Република Македонија, а доколку тоа не се случи тие ја повикаа надлежната министерка да преземе одговорност.

– Ја повикуваме министерката за култура, Ирена Стефоска, веднаш да ја разреши директорката на Археолошкиот музеј и да поведе соодветна постапка пред надлежните органи во согласност со Законот за заштита на културното наследство заради непочитување на културното наследство, преземање дејствија насочени против заштитените добра и нивна употреба за цели што би можеле да ги изложат заштитените добра на опасност од оштетување или уништување – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини