НОВОГОДИШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА СРБИЈА ОД САД Продолжена лиценцата на НИС, „феноменални вести“

Драги граѓани, одлична вест за крајот на годината за нашата земја - со задоволство ве известувам дека НИС доби лиценца од американскиот OFAC за продолжување на работата до 23 јануари, напиша на Инстаграм министерката за рударство и енергетика на Србија претекнувајќи го српскиот претседател кој претходно, во новогодишното обраќање рече дека очекува феноменални вести.

1,159

Соединетите Американски Држави ја продолжија лиценцата за работа на рафинеријата НИС во Србија до 23 јануари, тврди српската државна телевизија.

Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека во наредните 24 часа очекува „феноменални политички вести“ за Србија. Во новогодишната честитка Вучиќ напиша:






„Работевме напорно, го заслуживме тоа! Да живее Србија!“

Српските медиуми напишаа дека Вучиќ имал телефонски разговор со Вашингтон.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денес изјави дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) добила лиценца од американскиот OFAC (Канцеларија за контрола на странски средства) за продолжување на работата до 23 јануари.

„Драги граѓани, одлична вест за крајот на годината за нашата земја – со задоволство ве известувам дека НИС доби лиценца од американскиот OFAC за продолжување на работата до 23 јануари“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

Како што изјави, ова исто така значи дека рафинеријата во Панчево ќе може да продолжи со работа после 36 дена.

Поврзани содржини