НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА Бензинот поскап за 1,5 денари, а дизелот за 2 денара

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и ќе се продава по цена од  46,537 денари за килограм.

625

Цените  на бензините и на маслото за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари залитар, а дизелот поскапува за 2 денари,  одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „еуросуперот БС-95“ од полноќ ќе изнесува 81 денар за литар, на „еуросуперот БС-98“ ќе  изнесува 83 денари за литар,  додека малопродажната цена на „екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)“ ќе  изнесува 73 денари за литар.






„Еуродизелот (Д-Е V)“ поскапува за  2 денара и од полноќ  ќе чини 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и ќе се продава по цена од  46,537 денари за килограм.

Поврзани содржини