НОВО ПАРТИСКО ВРАБОТУВАЊЕ ВО РКЕ Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за свесно кршење на законот од страна на владината коалиција

Од ВМРО-ДПМНЕ ги приложија оргиналните документи од страната на Собранието, каде јасно се гледа дека Мерита Дема е родена на 29.6.1990 година, дипломирала на  8.11.20212, а прво вработување и било на 14.3.2013 година. За потсетување, денеска е 12.1.2022 година со што наведениот услов во Законот за енергетика целосно е прекршен.

431

Неодамна на страната на Собранието беа објавени материјали за Предлог за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, посочи Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

– Од приложените документи се гледа дека на 27.12.2021 година владата на Заев и Ахмети испратила документ со којшто се предлага тоа да биде Мерита Дема, кадар на ДУИ. Дури во дописот во точка 2 е цитирано дека согласно Законот за енергетика за член на РКЕ се избира државјанин на Република Македонија кој во последните 15 години пред именувањето  има најмалку десет години работни искуство во енергетиката, односно во обезбедувањето на водни услуги – изјави Антовски.






Од ВМРО-ДПМНЕ ги приложија оргиналните документи од страната на Собранието, каде јасно се гледа дека Мерита Дема е родена на 29.6.1990 година, дипломирала на  8.11.20212, а прво вработување и било на 14.3.2013 година. За потсетување, денеска е 12.1.2022 година со што наведениот услов во Законот за енергетика целосно е прекршен. Од партијата нагласаија дека Мерита Дема во последните 15 години не можела да има 10 години искуство во енергетиката, поради својата возраст, дипломирање и прво вработување кое било во март 2013  година.

– Дали со ова грубо кршење на Законот за енергетика, Заев му се заблагодарува на својот коалиционен партнер ДУИ што му ја спаси власта – прашува Антовски.

Ова е класичен пример за партизација на институциите како Регулторната комисија која треба да биде независно тело. Ова е типичен пример за причина зошто е потребен рестарт со менување на власта. Без тоа ќе функционираме како најкорумпирана држава во која нема владеење на правото и законите, туку само бизнис интереси на СДСМ и ДУИ, додаде членот на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини