НОВО ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Прва корекција на 1 октомври, а втората напролет

Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7.000 по пензионер што ги надминува оние 5.000 ветени во кампањата за парламентарните избори.

665

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат линеарно од 1 октомври.

Следното покачување на пензиите ќе биде напролет.






– Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7.000 денари по пензионер, што ги надминува оние 5.000 што ги зборувавме за време на кампањата – рече Мицкоски.

Премиерот денеска ја посети Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, заедно со министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

Поврзани содржини