НОВО ДРУШТВО ЗА ИНВЕСТИЦИСКО СОВЕТУВАЊЕ „Капитал асет менаџмент“ доби дозвола за работа

Управувањето со портфолија ќе го врши преку брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која има најшироки овластувања согласно Законот за хартии од вредност и е единствена небанкарска институција од земјава со овластување за тргување на странски берзи.

444

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија даде дозвола за работа на ново Друштво за инвестиционо советување „Капитал асет менаџмент“ ДООЕЛ Скопје.

Друштвото „Капитал асет менаџмент“, согласно Законот за хартии од вредност, самостојно ќе работи на инвестициско советување a посредно ќе управува со портфолија на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент. Управувањето со портфолија ќе го врши преку брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која има најшироки овластувања согласно Законот за хартии од вредност и е единствена небанкарска институција од земјава со овластување за тргување на странски берзи.






„Капитал асет менаџмент“ е единственото друштво за инвестициско советување кое ќе биде учесник на пазарот на хартии од вредност во земјата.

 – На македонскиот пазар се појавува нов правен субјект за инвестициско советување и управување со индивидуални портфолија на хартии од вредност, но со тим кој има долгогодишно работно искуство во овие области. На пазарот ќе понудиме одредено раздвижување и ќе внесеме свежина во работењето. Како и досега, успешно ќе менаџираме со портфолијата на нашите клиенти и ќе ги советуваме за тоа како правилно да ги инвестираат своите пари – вели Коста Костадиновски, основач на „Капитал асет менаџмент“.

Коста Костадиновски, основач на „Капитал асет менаџмент“

Костадиновски е лиценциран инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност со 17-годишно искуство во областа на финансиите и пазарот на капитал. Јавноста досега го знаеше како извршен директор на Илирика фонд менаџмент, а во својата професионална кариера работел и извршувал функции во финансиски институции како банки и пензиски фондови.

Дозволата за работа на „Капитал асет менаџмент“ е донесена на 119-тата седница на Комисијата со која претседава претседателот на КХВ, м-р Нора Алити.

Поврзани содржини