Новиот вид на коронавирусот откриен и во Германија

458

Новиот вид на коронавирусот кој брзо се шири во Велика Британија денеска е откриен и во Германија, соопштила германската покраина Баден-Виртемберг.

Заразеното лице долетало во Франкфурт од Британија на 20 декември во посета на роднини и добило позитеивен резултат од тестот по доаѓањето, објавило министерството за здравство на југозападната германска покраина на Твитер, пренесува Ројтерс.






Човекот од аеродром со автомобил го зеле членови од семејството и од тогаш е изолиран во семеен стан, додало министерството.

Поврзани содржини