Новиот премиер на Франција не сака повторно воведување карантин
Она што пред сè мора да се избегне е општата изолација, мерка која би била катастрофална на економско и социјално ниво - изјави премиерот Жан Кастекс за весникот „Ница Матин“, а во однос на епидемијата на ковид-19.
Францускиот премиер Жан Кастекс сака „пред сè“ да избегне повторно воведување на општо ограничување на движење“ поради епидемијата на коронавирусот, бидејќи таквата мерка би била „катастрофална“ на економски и социјални планови, јави дописникот на МИА.
– Она што пред сè мора да се избегне е општата изолација, мерка која би била катастрофална на економско и социјално ниво – изјави премиерот Жан Кастекс за весникот „Ница Матин“, а во однос на епидемијата на Ковид-19.
– Сега знаеме што тоа носи: таквата мерка ја нарушува прогресијата на епидемијата, секако, но на економско и социјално ниво, тоа е катастрофално, вклучително и за психолошкото здравје на некои наши сограѓани – инсистира новиот француски премиер, кој пред да ја преземе оваа функција беше задолжен за подготвката за излегување од мерките на изолација.
– Приоритет е сè уште превенцијата, вели Жан Кастекс, негирајќи дека овој термин за повторна изолација е „табу-збор“ и обидувајќи се да делува смирувачки за ширењето на вирусот.
– Дури и ако бројот на случаи е повторно во пораст, позитивните тестови остануваат во ниски просеци во споредба со земјите околу нас. И хоспитализациите остануваат на контролирано ниво – истакна тој во ова интервјуто за Ница Матин.
Ако мора да се изврши повторна изолација, тоа „може да биде многу локализирано, додава Кастекс, според кој мерките ќе бидат „прилагодени“.
– Во борбата против оваа пандемијата, има едноставни работи што треба да се прават и да не се прават, наречени бариерални гестови (држење растојание), сè до денот кога ќе се најде вакцината – заклучува Францускиот премиер.