Новиот мутант на коронавирусот потекнува од Шпанија, се вика 20А.ЕУ1 и ја покорува Европа!
Наодите на истражувањето сугерираат заклучок дека луѓето кои се враќаа од годишните одмори во Шпанија одиграа клучна улога во пренесувањето на вирусот низ цела Европа.
20А.ЕУ1. Запомнете ја добро оваа шифра. Таа, всушност, е името на новата генетска мутација на коронавирисот, која потекнува од шпанските фармери. Мутантот во текот на летото се прошири во Европа и сега е предизвикувач на повеќето случаеви во повеќе европски земји. Во Велика Британија тој е виновник за 80 отсто од случаите, пишува угледниот Фајненшл Тајмс.
Меѓународен тим научници, кој го следи вирусот преку неговите генетски мутации, го опиша необичното ширење на вирусот корона, наречен 20А.ЕУ1, во истражувачки труд објавен во четвртокот на 29 октомври.
Наодите на истражувањето сугерираат заклучок дека луѓето кои се враќаа од годишните одмори во Шпанија одиграа клучна улога во пренесувањето на вирусот низ цела Европа.
Научните тимови во Швајцарија и во Шпанија сега брзо го испитуваат однесувањето на оваа варијанта на коронавирус, за да утврдат дали може да биде повеќе смртоносен или позаразен од другите видови. Засега нема докази за тоа, но истражувачите вечат дека 20А.ЕУ1 е различен од која било верзија на вирусот Сарс-Ков-2.