Новиот хрватски Сабор ќе има 35 пратенички

Можно е и зголемување на бројот на жените и во 10. состав на Саборот, откако ќе се формира влада, а дел од пратениците ќе бидат именувани во извршната власт.

282

Во новиот состав во храватскиот Сабор, што има 151 мест, според неофицијални резултати, избрани се 35 жени од различни политички партии, што е многу поголема бројка од претходно.

На парламентарните избори во 2016 година беа избрани 19 пратенички, а до крајот на мандатот нивнио број се искачи на 29.






Можно е и зголемување на бројот на жените и во 10. состав на Саборот, откако ќе се формира влада, а дел од пратениците ќе бидат именувани во извршната власт.

Најголем број пратенички – 14 се избрани од листата Рестарт коалиција, која доживеа тежок изборен пораз, потоа од Хрватската демократска заедница избрани се девет жени, од Демократското движење – четири, коалицијата Можеме – три, од Листата на националните малцинства – две и од изборната листа Мост избрана е една пратеничка.

Поврзани содржини