На новинарката на ХРТ, Мирјана Посавец ѝ се слошило во текот на интервјуто во Дневникот на ХРТ, поради што ја изгубила рамнотежата и паднала.
Мирјана Посавец правела интервју со Игор Петернел, претседател на Одборот за човекови права на Татковинското движење, а во еден момент почнала да ја губи рамнотежата, по што исчезнала од кадарот. Потоа се слушнал и удар, врз основа на кој можело да се насети дека новинарката паднала.
Соговорникот веднаш ѝ помогнал, а режијата го префрлила кадарот на студиото, каде водителот Ѓурица Дробац, видно шокиран, рекол:
„Се надеваме дека Мирјана е добро.“
Како што пренесува „Јутарњи.хр“ колегите на Мирјана Посавец од ХРТ рекле дека е добро, и дека не ја изгубила свеста, како и дека по падот веднаш повторила:
– Добро сум, добро сум.
Новинарката Посавец отпосле рекла дека пиела малку течности и дека било многу топло. И покрај вклучениот клима-апарат, поради маската на лицето и горештините и без вода, ѝ паднал притисокот и накратко ѝ се слошило.
— Pluton (@Pluton45873221) July 21, 2021
ФОТО: Твитер