НОВИНАРКА МУ ПОБАРА ДОКАЗИ НА НОЛЕ ДЕКА ГО ТРУЕЛЕ Србинот ја замолче со една реченица

Моментално седмиот играч на АТП листата истакна дека во споменатото интервју кажал сѐ што имал да каже и дека сега е целосно фокусиран на она што го очекува оваа година на терените на тенискиот комплекс во Мелбурн.

1,405

Труењето со храна на Новак Ѓоковиќ додека беше во притвор пред и за време на Австралија Опен во 2022 година продолжува да биде централна тема во тениските кругови, но најдобриот тенисер на сите времиња не сака повеќе да зборува на оваа тема.

Моментално седмиот играч на АТП листата истакна дека во споменатото интервју кажал се што имал да каже и дека сега е целосно фокусиран на она што го очекува оваа година на терените на тенискиот комплекс во Мелбурн.






– Интервјуто во кое зборував за труење со храна излезе пред ден-два, но беше снимено пред многу месеци и не би сакал повторно да зборувам на таа тема. Ме очекува нов предизвик во Мелбурн, каде што прв пат учествував далечната 2005 година и се сеќавам дека изгубив од Марат Сфаин, кој подоцна го освои пехарот. Бев млад и верував дека еден ден ќе го направам истото, а само три години подоцна дојде првиот Грен слем во Мелбурн – изјави Новак Ѓоковиќ.

Кога веќе не беше расположен да зборува за неспортски теми, главна тема на разговор со претставниците на медиумите во Австралија беше неговата новоформирана соработка со Енди Мареј.

– Се знаеме долго време. Мислам дека првиот дуел го одигравме еден против друг кога имавме 12 години. Тој е некој кој многу добро ме познава и нема потреба да трошиме зборови за каков шампион станува збор. Мислам дека се ќе биде во ред – рече Србинот.

Ѓоковиќ во првото коло на Австралија опен ќе игра против Нишеш Басавери. Мечот е на програмата во ноќта помеѓу понеделник и вторник по македонско време.

НЕКОЈ САКАЛ ДА ГО ОТРУЕ НОЛЕ ВО МЕЛБУРН? Србинот откри со какви работи се соочил во хотелот каде што беше затворен за време на короната

Кирјиос: Ѓоковиќ го третиравме како го*но, би отишол во Белград – но само да се „журкам“!

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос и покрај тоа што повторно се повреди, очекува да се натпреварува на Австралија Опен, неколку недели откако им се врати на тениските терени и беше поразен во првото коло во Бризбејн.

Поради големото пријателство со Новак Ѓоковиќ, на прес-конференцијата пред почетокот на турнирот Кирјиос беше прашан дали планира да отиде во Белград на егзибициски дуел.

– Ако ми плати. Мислам дека може доста добро да ме плати. Со задоволство би одел во Белград. Не сакам ни да играм тенис таму. Сакам да се „журкам“ во Белград. Сакам да поминувам време со Ѓоковиќ во Србија, би го сакал тоа. Тоа секако би било најдоброто нешто на сите времиња – низ смеа одговори Кирјиос.

Ник се осврна и на тврдењата на Новак дека бил отруен додека бил затворен во Мелбурн за време на сагата за депортација.

– Не, не сум слушнал за тоа. Ќе стојам на своето – го третиравме како гомно, тоа е сигурно, но мислам дека немаше да го сториме тоа – подвлече Кирјиос.

Kирјиос на прес-конференцијата во сончевиот Мелбурн беше облечен во зимска јакна, а во првото коло во Австралија Опне треба да се судри со Британецот Џејкоб Феарнли.

Поврзани содржини