Дека тоа може да биде мошне непријатно, се увери и шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос на кого среде јавување во живо во кадарот му упадна гола жена. За да биде приказната уште попикантна, се покажа дека не е неговата девојка, туку колешката.
Мерлос е позната јавна личност, новинар и манекен во Шпанија, а сега сите медиуми се занимаваат со неговиот љубовен живот, или како што го нареко „љубовен триаголник“.
Накратко, Мерлос се појави како гостин во емисија „Состојба на алармот“ чиј домаќин беше Хавиер Негре. Одеднаш, една гола девојка се прошета зад Мерлос, а Негре буквално зина од шок.
Наскоро се дозна дека не станува збор за девојка на Мерлос, поранешна натпреварувачка во „Големиот брат“, Марта Лопез, туку новинарка на „Социјалит“, Алесија Ривас.
Откако снимката осамна на социјалните мрежи, Мерлос се најде во проблем поради љубовниот триаголник. Неговата девојка Марта Лопез останала шокирана од глетката па оваа немила случка ја нарекла срамотна.
Esto es una auténtica maravilla: Javier Negre hace un Skype y acaba mostrando en directo la infidelidad de Alfonso Merlos. Primera vez que destapa algo de verdad, aunque sea involuntariamente xd pic.twitter.com/iXtE6C3NJ9
— Josep Maria Sempere (@kr3at0r) April 24, 2020
FOTO: Jutjub/Instagram