НОВИ СЛУЧАИ СО ЗАРАЗЕНИ УЧЕНИЦИ Четири деца од Штип имаат корона, во изолација одат 20 ученици

Две деца од општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ и по едно од средното електро машинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин” и средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандански” се позитивни на ковид-19.

279

Четири ученици од штипските основни и средни училишта се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА Марија Димитрова, директорка на Центарот за јавно здравје-Штип.

Станува збор за двајца ученици од Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ и по еден од средното електро машинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин” и средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандански”.






Во излоација дополнително заминуваат 20 ученици, претходните денови со стартот на учебната година во изолација имаше 53 ученици. Бројката на изолирани ученици во штипските основни и средни училишта досега е 73. Од почетокот на учебната година се до денеска регистрирани се осум ученици кои се позитивни на коронавирусот и тројца наставници од основните и средни училишта.

Во штипската ковид-центар на болничко лекување се 43 пациенти, од кои 39 во модуларната болница и седум во Кожното одделение. Во дневната амбуланта изминатите 24 часа имале 35 прегледи на пациенти.

Поврзани содржини