НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СРПСКАТА ГАТАЧКА ШТО ИЗВЕДЕ ИЗМАМА ОД 12 МИЛИОНИ ЕВРА, ПА ИСЧЕЗНА БЕЗ ТРАГА Еве што им велела на жртвите
Семејството обвинето за измама живеело во луксузна вила меѓу лозја во близина на Виена, а властите заплениле имот вреден 12,6 милиони евра. Дел од парите биле сокриени во сеф зад полица со книги, заедно со машина за броење пари. Полицијата открила 25 килограми златни прачки, големи количини накит и кеш, како и златни и сребрени монети скриени во пластични кеси, заѕидани во базен до кој се пристапувало преку таен отвор во подот. Исто така, биле замрзнати нивните банкарски сметки, а во една изнајмена гаража биле пронајдени 14 луксузни автомобили, меѓу кои и Aston Martin Vantage V8 и Mercedes 250 SE купе.
Маријана М., 44-годишна шаманка со српско потекло, која со семејството ги измамила наивните Германци и Австријци, сè уште е во бегство. Луѓето ѝ подарувале стотици илјади евра, скапоцен накит, часовници и златни прачки, со надеж дека ќе ги спаси од наводни клетви. На тој начин прибавила над 12 милиони евра. Сега се откриени нови детали за нејзините измами.
Маријана, нејзиниот син Франческо, снаата Дона и поранешниот сопруг Дејан сега се под истрага под сомнение за тешка измама, перење пари и за формирање криминална организација. Освен шаманката, сите останати членови на семејството се во притвор.
Жртвите плаќале за да ја избегнат сопствената смрт
Главниот истражител од Државната канцеларија за кривични истраги на Долна Австрија, Георг Велс, зборуваше за германскиот „Билд“ за начинот на кој делувала оваа група измамници, пренесе српски Курир.
„Видовитите“, кои се претставувале како Амела (псевдоним на Маријана М.) и Ана (псевдоним на снаата Дона), секогаш директно им пристапувале на потенцијалните жртви.
– Според досегашните сознанија од нашата истрага, тие лажеле луѓе. На пример, тврделе дека нивен роднина ќе загине во тешка сообраќајна несреќа – вели истражителот Велс.
За да ја „разбијат“ наводната клетва, измамниците барале пари и накит за да извршат „ритуали на прочистување“.
– Жртвите биле уверени дека ќе си ги добијат назад предметите. Во еден случај, една жена им предала повеќе од 730.000 евра, а потоа не можела веќе да стапи во контакт со нив – додал Велс.
Пред да биде откриен кланот, кој делувал низ регионот на Германија и на Австрија, неговите членови живееле во неверојатен луксуз. Дополнително, според истражителите, добивале и стотици илјади евра од социјално осигурување.
Златни и сребрени монети пронајдени во заѕидан базен
– Обвинетото семејство живеело во вила меѓу лозјата блиску до Виена. Запленети се добра во вкупна вредност од 12,6 милиони евра. Дел од тие пари се пронајдени во сеф скриен зад полица со книги. Таму имало и машина за броење пари – изјави Велс.
Полицијата пронашла и 25 килограми златни прачки, килограми накит и готовина, како и златни и сребрени монети.
Монетите биле скриени во обични пластични кеси во заѕидан базен, до кој можело да се влезе само преку отвор во подот.
Банкарските сметки се замрзнати, а истражителите откриле 14 луксузни автомобили во изнајмена гаража – меѓу нив и Aston Martin Vantage V8 и Mercedes 250 SE купе.
Истраги за измама со социјална помош
Семејството со српски корени наводно поседувало и хотел во Виена. Според истрагата, и покрај богатството, примале социјална помош – вклучително и за пет малолетни деца.
– Според досегашните податоци, тоа изнесува околу 700.000 евра – рече Велс.
📷 СРБИНКАТА МАРИЈАНА ПРЕКУ ГАТАЊЕ „ЗАРАБОТИ“ МИЛИОНИ Измамничката од Австрија ја бараат во 4 земји