Нови детали за смртта на Наја Ривера: Заедно со синот скокнале во езерото, него го вратила на палубата па викала за помош
Вработен во компанијата за изнајмување бродови и понудил појас за спасување, но таа одбила бидејќи знаела да плива.
Актерката Наја Ривера (33), позната по серијата „Glee“, во јули годинава се удави во езерото Пир во Јужна Калифорнија. Полицијата започна потрага по глумицата, откако нејзиниот 4-годишен син Хозе Холис Дорси бил пронајден сам на бродот. По шестдневната потрага беше пронајдено нејзиното тело на длабочината меѓу 10 и 18 метри. Обдукцијата утврдила дека немало знаци за насилна смрт ниту самоубиство.
Деновиве, во јавностизлезе извештај кој открива повеќе детали за несреќата.
Малиот Џои, синот на Наја, изјавил пред полицијата дека пред заедничкиот скок од бродот во езерото, заедно броеле до три.
„Многу брзо откако скокнале во езерото, Наја му рекла на син ѝ да се врати на бродот и му помогнала да се качи на него. Потоа почнала да вика за помош и мавтала со раката во воздух надевајќи се дека некој ќе ги види. Набрзо исчезнала под површината на езерото“, се наведува во извештајот.
Вработениот во фирмата за изнајмување бродови пред да тргне со бродот ѝ нудел на Наја појас за спасување, но таа го одбила, но тој, и покрај тоа, го оставил на бродот. Извештајот го потврдува тоа бидејќи на бродот бил најден појас за спасување.
Мајката на Наја изјавила дека нејзината ќерка знаела добро да плива. Во извештајот е откриена и содржината на нејзината торбичка – мобилен, шприц со розева течност, лична карта и пополнет рецепт за амфетамини.