Нови детали: Рајко Дујмиќ во животна опасност, слетал во провалија од 11 метри

2,993

Хрватскиот композитор и поранешен фронтмен на бендот „Нови фосили“ Рајко Дујмиќ (65) се здобил со, по живот опасни, повреди кога во средата ја изгубил контрола врз своето возило кај Равна Гора и слетал во бездна, после што бил сместен на одделението за интензивна нега на Клиничкиот болнички центар во Риека (КБЦ).

Полициската управа, без да го наведе неговиот идентитет, известила дека 65-годишен возач на автомобил „Фолксваген тигуан“ со загрепски регистарски таблички слетал на патот во Равна Гора.






Утврдено е дека околу 17.15 часот на ул. „Коса“ во ова планинско место, тој ја изгубил контролата врз возилото и паднал во бездна длабока околу 11 метри. Поради здобиените повреди бил пренесен во КБЦ Риека, соопштила полицијата. Тој бил сам во возилото.

Во Клиничкиот центар во Риека потврдиле дека пациентот поради тешките телесни повреди е сместен во единицата за интензивно лекување и дека неговиот живот е во опасност, како и дека се преземаат сеопфатни мерки за лекување.

 

 

 

Поврзани содржини