НОВИ ДЕТАЛИ ОД ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО СМЕДЕРЕВО Братот и сестрата пред експлозијата пријавиле во полиција, експлозивната направа била намерно активирана
Идентитетот на жртвата не е познат. Се претпоставиува дека е Ѓ.А. (57) сопственик на стан кој поради конфликт со станари кои не плаќале кирија, активирал неколку килограми експлозивни направи.
Истрагата за причините за експлозијата во зграда во Смедерево, Србија продолжува и денеска. Она што е познато околу настанот е дека лице загина, а две се повредени и дека пред експлозијата имало повик во полицијата дека сомнителен човек стои пред вратата на еден од становите на петтиот кат.
Првите информации беа дека експлодирала плинска боца, но набрзо се покажало дека тие не се точни. Силата на експлозијата укажува дека најверојатно се работи за бомба или дури некаква експлозивна направа од непознат тип. Дури кога ќе заврши истрагата ќе биде јасно дали оваа претпоставка е точна.
Повредениот млад човек и девојка, брат и сестра чиј идентитет не се соопштува, живееле во стан на последниот кат. Лицето кое ја активирало експлозивната направа најверојатно било на истиот кат.
Како што дознаваат медиумите, токму од овој стан непосредно пред експлозијата се јавила дежурната служба на СВС Смедерево.
– Во повикот во полиција рекоа дека пред нивниот стан имало сомнително лице. Полицијата отишла да провери за што се работи, а кога биле пред зградата одекнала силна детонација – вели извор од истрагата за Новости.
Детонацијата била толку силна што најверојатно низ куполата на горниот дел од зградата исфрлила делови од човечкото тело на улица и на тротоар. Полицијата веднаш го блокирала целиот потег. Сите станари се евакуирани од зградата.
– Бев во паркирано возило пред зградата кога се слушна експлозијата. Сите стакла биле испукани на автомобилот. Слушнав повици за помош од зградата и притрчав да помогнам. Му помогнав на еден постар човек кој беше облеан во крв. Имаше и жена со мало девојче – вели таксистот кој притрчал да помогне.
Тој сведочи дека од петтиот кат не останало речиси ништо освен ѕидовите, а делови од човечкото тело биле насекаде низ ходникот.
Идентитетот на жртвата не е познат. Дури ни полот не се знае со сигурност. Се претпоставиува дека е Ѓ.А. (57) сопственик на стан кој поради конфликт со станари кои не плаќале кирија, активирал неколку килограми експлозивни направи.
Истрагата се вршела во радиус од неколку стотини метри, а вештаците од судска медицина означувале делови од телото за да го утврдат идентитетот на починатиот.
– Ниту една од вратите во зградата не е недопрена. На повисоките катови искршени се сите врати и натрчаа во становите. Зградата се тресела како да е земјотрес, раскажуваат преплашените станари.
Повредениот млад човек има повреда на окото, а девојката има шрапнели по телото и им е укажана лекарска помош во И+ЗЦ „Свети Лука“ во Смедерево. Тие не се опасни по живот, а повредите се средно тешки, ни рекоа во болница.