Уште четворица заболени од ковид-19 починале на Клиниката за инфективни болести во Скопје, дознаваме неофицијално.
Бројот на починати од компликации од новиот вирус досега е 38, а до вчера има 828 заболени.
Поединости во врска со новите жртви од корона вирусот во нашата земја се очекува да соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во 14.30 часот.