НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ Дизелот поевтинува за 0,5 денари, а бензините поскапуваат за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика ја намали и цената на мазутот за  0,087 денари, па неговата малопродажната цена ќе изнесува 41,352 денари.

155

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер- 95“ ќе изнесува 80,5 денари за литар, „еуросупер- 98“ ќе се продава за  82,5, додека дизелот ќе има цена од  78 денари, а масло за домаќинство  77 денари за литар.






РКЕ ја намали цената на мазутот за  0,087 денари, па неговата малопродажната цена ќе изнесува 41,352 денари.

 

Поврзани содржини