Нови „бомби“: Заев бара Сашо да ја тргне финансиската инспекција од општина Струмица, а за Петре Шилегов „знаел“ дека бил „сомнителен“?!
На социјалната мрежа Јутјуб се појавија нови аудио снимки, на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник. „Бомбите“ ги пренесуваат неколку портали.
Во првиот разговор се зборува за условите кои претседателот на СДСМ како опозиционер ги поставува за да се договори со тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да не пушта „бомби“ за него, тврдат медиумите. Во снимката се слуша како Заев бара „Сашо“ да ја повлече финансиската инспекција од општината Струмица и да се каже дека не е пронајдено ништо сомнително.
Во друг разговор, соговорникот го прашува Заев за кадровските решенија Оливер Спасовски и Петре Шилегов. Соговорникот коментира дека Петре Шилегов додека бил претседател на второстепена комисија, „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека тоа му било јасно, но дека тоа било тоа.