Нови „бомби”: Мицкоски во разговор со независните пратеници за новиот закон за Јавното обвинителство
Мицкоски им зборува на пратениците дека власта сака на нелегален начин да ги пренесе предметите од СЈО во Јавното обвиниелство и додава дека власта имала намера да продолжи со уцените и притисоците врз неистомислениците.
На интернет осамнаа нови аудио снимки на кои се слуша како Христијан Мицкоски ги убедува независните пратеници, кои претходно раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги ибрка од партијата, дека не е добро да гласаат за Законот за Јавното обвинителство.
Мицкоски им зборува на пратениците дека власта сака на нелегален начин да ги пренесе предметите од СЈО во Јавното обвиниелство и додава дека власта имала намера да продолжи со уцените и притисоците врз неистомислениците.
На втората снимка, Мицкоски, на истиот состанок со пратениците, им зборува како тој им рекол во сите партиски општински комитети да не ги напаѓаат независните пратеници. На трета снимка се слуша како Мицкоски им вели дека ќе дошол денот да се открие целата вистина, и дека и тие, како пратеници ќе можат после изборите да и ја откријат вистината на јавноста.