Нови 74 заразени, тројца починати
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-1, Дебар-1, Штип-11, Тетово-17, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Радовиш-5, Кочани-1, Свети Николе-17. Починати се 3 лица, пациент од Битола (73г.), пациент од Демир Хисар (73г.) и пациент од Скопје (44г.). Сите пациенти се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656“, наведено е во соопштението од Министерството за здравство.
Таму се вели дека направени се 689 тестови, а досега во земјава се направени вкупно 106.047 тестирања.
„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, 1 на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението.