НОВИ 500 ПАРКИНГ МЕСТА НА КЛИНИЧКИ Две монтажни катни гаражи за здравствени работници и пациенти

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерот за здравство, Азир Алиу, најавија функционално решение за хаосот со паркирањето, кое ќе го олесни секојдневието на здравствените работници и пациентите.

6

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и стручни тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржаа координациски состанок со кој официјално се отпочнува изградбата на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар.

– Со реализацијата на овој проект, кој ќе го изведува Град Скопје, ќе се обезбедат околу 500 нови паркинг места, со што конечно се става крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар – изјави Ѓорѓиевски.






Тој посочи дека ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава кои секојдневно доаѓаат на лекување.

Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и современите урбанистички стандарди.

Проектот се спроведува во координација со премиерот Христијан Мицкоски и според градоначалникот претставува јасен сигнал за заедничка посветеност кон решавање на реалните проблеми на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.

– Со заедничка работа, координација и јасна визија, чекор по чекор градиме функционални и одржливи решенија во интерес на граѓаните. Ова е само дел од она што следува. Скопје ја живее новата ера – нагласи Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини