Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 13, Прилеп 2 и Тетово 7.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти и тоа во Скопје 17, Куманово 9, Прилеп 12, Тетово 3, Струга 12, Охрид 9, Гостивар 1 и Кичево 1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.
Направените 145 теста се преку: ИЈЗ 122, Клиника „Жан Митрев“ 17 и МАНУ 6. Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на ковид-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација двајца.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.