Нови 164 заразени, двајца починати

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти: тројца во Скопје, шестмина во Прилеп, еден во Струга, еден во Велес и еден во Виница. Починати се две лица од Скопје и од Тетово.

1,281

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти: тројца во Скопје, шестмина во Прилеп, еден во Струга, еден во Велес и еден во Виница. Починати се две лица од Скопје и од Тетово.






„Во ГОБ 8-ми Септември почина 53-годишна пациентка од Скопје хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина 60-годишна пациентка хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 9 јуни. Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3701, бројката на оздравени пациенти е 1694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1836. Направените 1045 теста се преку: ИЈЗ – 353 , ЦЈЗ Скопје – 23, Авицена –152, Биотек – 95, Жан Митрев (Филип Втори) –166, Систина со PCR метода –114 и МАНУ – 142. Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот“, наведено е во соопштението на Министерството за здравство.

На Инфективната клиника, наведено е таму, во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти.

„На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ 8-ми Септември примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението.

Таму е наведено дека Чаир со 235 пациенти сè уште е на првото место по бројот на заболени, а потоа следуваат Бутел – 88, Аеродром – 87, Гази баба – 89, Центар – 87, Карпош – 79, Сарај – 75, Кисела Вода – 52, Ѓорче Петров – 39, Шуто Оризари – 29, Студеничани – 25, Арачиново – 30, Илинден – 20, Петровец – 7, Чучер Сандево – 6, Сопиште – 3, а има и двајца странци и двајца неутвредни.

Поврзани содржини