Новата сезона во Италија може да започне на 12 септември
Официјалната одлука ќе биде донесена на денешниот состанок на Советот на Серија А.
Новата сезона на италијанскиот шампионат започнува на 12 септември, пренесува „Спорт Италија“.
Официјалната одлука ќе биде донесена на денешниот состанок на Советот на Серија А.
Тековната сезона на италијанскиот шампионат ќе продолжи на 20 јуни. Во исто време, веќе се одиграа реваншите од полуфиналето на Купот на Италија.