НОВАК ЗАСЛУЖИ КЛОЦА ВО ЗАДНИКОТ Хрватот смета дека Србинот се однесува дебилно
„Бевме страшно несреќни кога лани, во финалето на УС Опен тој загуби од Медведев и пропушти да ги освои сите четири Грен слем турнири. Беше болно за нас да сведочиме на неговиот пораз. Ова сега многу помалку нè погодува, тој заслужи клоца во задникикот“, коментира Томиќ во својата колумна.
Еден од најпознатите хрватски писатели Анте Томиќ, се произнесе околу сагата на Новак Ѓоковиќ и забраната за настап на Австралија Опен, од страна на австралиските власти.
Ѓоковиќ се обиде невакциниран да влезе во Австралија, обидувајќи се да добие иземање за имунизација поради здравствени причини. Сепак, неговото барање беше одбииено, под изговор дека поседува погрешна виза.
„Бевме страшно несреќни кога лани, во финалето на УС Опен тој загуби од Медведев и пропушти да ги освои сите четири Грен слем турнири. Беше болно за нас да сведочиме на неговиот пораз. Ова сега многу помалку нè погодува, тој заслужи клоца во задникикот“, коментира Томиќ во својата колумна.
Томиќ порача и дека српскиот тенисер се однесувал дебилно, кога очекувал дека австралиските власти ќе му дозволат да влезе во земјата невакциниран.