Новак Ѓоковиќ заврши на „столб на срамот“ поради 10 евра

Новак по петти пат го освои турнирот во Рим, а поради тоа треба да добие вкупно 205.200 евра.

2,909

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна го освои првото место на турнирот во Рим, но освен неговата „рутинска“ победа, вниманието во јавноста го привлече и еден необичен детал поврзан за парите.

 

Имено, Новак по петти пат го освои турнирот во Рим, а поради тоа треба да добие вкупно 205.200 евра.

Тоа е само 20 отсто од вкупната награда којашто просечно ја носи победникот на турнирот, поради пандемијата со коронавирусот, сепак проблемот настанал кога сето тоа било споредено со сумата пари која што ѝ била исплатена на Симона Халеп којашто славеше во женска конкуренција.

Таа добила „само 10 евра“ помалку, а многумина овој потег го оцениле како потценувачки.

Ваквиот потег особено го налутил новинарот на „NYT“, Бен Ротенберг.

– Урнебесно е да си во Рим, турнирот кој што не доделуваше еднаква сума пари, а сега истите тие дојдоа до доделување на речиси иста сума пари на шампионите, но денеска одлучија да ја намалат женската награда за 10 евра, за да ја сочуваат ‘машката чест‘ – изјавил тој.

Поврзани содржини
na