Новак Ѓоковиќ бил во врска со „српската Џеј Ло“, изгледа како авион! (ФОТО)

1,713

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ моментално е на Олимписките игри, а пред да замине за Токио, тој поминал малку повеќе време со своето семејство, кое е во Црна Гора, каде што и тој беше и пред ОИ.

Меѓутоа, повторно во јавноста се најде и приказната од минатото на Ѓоковиќ. Уште Во 2014 година, Новак се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ, но малку е познато дека пред тоа тој беше во емотивна врска со атрактивна дама.






Сега Ѓоковиќ е семеен човек, има син и ќерка, а во помладите денови беше поврзуван со многу убавици. Една од оние што успеа да го освои неговото срце е Лидија Поповиќ. Тоа било пред српскиот тенисер да стане планетарно популарен, но кариерата на Новак ѝ пресудила на љубовта.

Наскоро по раскинувањето со Лидија, Новак започнал врска со Јелена, која денес е негова сопруга. Сепак, и Лидија Поповиќ денес е дел од јавната сцена. Таа е добро познат диџеј, настапува под името Леди Ли и на социјалните мрежи ја следат илјадници луѓе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial)

Пред две години, Леди Ли имаше повеќе од 80 настапи во странство, претежно во Азија, а наводно од еден настап заработува и до 30.000 евра. Лидија Поповиќ ја нарекуваат и „српската Џеј Ло“, а во едно од интервјуата открила каква била врската со Ѓоковиќ.

– Ноле во текот на нашата врска секогаш беше внимателен и насмеан, но тоа беше кога немаше обврски како што има денес. Сега носи голем товар на грбот како славен човек во светот на спортот. Секако, Ноле не е папучар… Новак е дружељубиво и џентлменско момче, барем како таков го паметам така се сеќавам на него – рекла Лидија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини