📽️ НОВАК ЃОКОВИЌ ЈА ВООДУШЕВИ ПЛАНЕТАТА Најдобриот тенисер на светот тренираше со семејството и испрати моќна порака!

Србинот е во Монте Карло каде се подготвува за претстојниот Мастерс турнир, а времето го користи за тренирање со своите најблиски – ќерката Тара, синот Стефан и сопругата Јелена.

1,265

Новак Ѓоковиќ е во центарот на вниманието на јавноста откако ја прекина соработката со долгогодишниот тренер Горан Иванишевиќ, а додека се лицитира за името на наследникот, Ноле покажа дека го има најдобриот тренерски штаб во светот.

Имено, најдобриот тенисер на сите времиња се наоѓа во Монте Карло каде се подготвува за претстојниот Мастерс турнир од серијата 1000, а времето го користи за тренирање со своите најблиски – ќерката Тара, синот Стефан и сопругата Јелена.






На атлетската патека Ѓоковиќ со семејството тренираше трчање и скокање во далечина.

„Моќта на семејството како ниедна друга“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм во описот на видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Ѓоковиќ не ја започна сезоната како што ги навикна своите фанови, по поразот во полуфиналето на Австралија опен и шокантното излегување од третото коло во Индијан Велс, Ноле реши да го прескокне турнирот во Мајами и да се посвети на сезоната на земја.

Новак е во доцните играчки години, а како што повеќепати истакна, во оваа фаза од кариерата, приоритет му е да постигне што е можно подобар резултат на Грен слем турнирите, но и да поминува што повеќе време со саканите.

Ѓоковиќ ужива во Кнежевството, а нема дилема дека со ваква поддршка и атмосфера ќе постигне одличен резултат.

Поврзани содржини