📽️ НОВАК ДОБИ СПЕЦИЈАЛЕН ТРОФЕЈ НА РОЛАН ГАРОС Французите со признание за Србинот за 100 освоени титули

Претседателот на Француската тениска федерација, Жил Мортон, и директорката на Ролан Гарос, Амели Морезмо, му врачија специјален трофеј во чест на неговата 100-та освоена титула во кариерата.

1,360

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го започна својот настап на вториот гренд слем турнир од сезоната – Ролан Гарос. Во првото коло, Ѓоковиќ за два часа игра го совлада Американецот Мекензи Мекдоналд со 6:3, 6:3, 6:3.

Покрај победата, Ѓоковиќ доби и посебно признание од организаторите на турнирот. Претседателот на Француската тениска федерација, Жил Мортон, и директорката на Ролан Гарос, Амели Морезмо, му врачија специјален трофеј во чест на неговата 100-та освоена титула во кариерата.






„Посебен трофеј за посебен човек“, објавија организаторите на социјалните мрежи, нагласувајќи дека Ѓоковиќ досега има освоено 24 гренд слем титули, вклучувајќи три во Париз.

 

Поврзани содржини