Нова закана во Индија – ретка инфекција напаѓа прележани од ковид-19

Во последните месеци во Индија оваа инфекција ги погодува прележаните од ковид-19 и тие што закрепнуваат од коронавирусот.

876

Повеќе од 8.800 случаи на смртоносната габична инфекција мукормикосис пријави Индија деновиве, објави Би-Би-Си.

Смртноста на оваа инфекција во нормални услови е 50 отсто, при што некои ќе се спасат и ќе го загубат едното око. Во последните месеци во Индија оваа инфекција ги погодува прележаните од ковид-19 и тие што закрепнуваат од коронавирусот.






Лекарите велат дека постои врска помеѓу стероидите кои се користат за лекување на ковид-19 и дека напаѓа помеѓу 12 и 18 ден од закрепнувањето од короната. Дијабетичарите се во посебен ризик. Најмногу случаи досега има во државите Гуџарат и во Махараштра. Според две направени студии најголем број на заболените се мажи кои биле дијабетичари.

Повеќе од 80 отсто од пациентите треба итно да се оперираат.

– Инфекцијата со мукормикосис сега стана поголем предизвик од ковид-19. Ако пациентите не се третираат правилно и на време, смртноста ќе порасне на 94 отсто. Лекувањето е скапо, а лекови недостигаат – рече д-р ВП Пандеј шеф на оддел во болницата Махараџа Јешвантрао во Индоре.

Мукормикосис е мошне ретка инфекција. Настанува при изложеност на мувла од габи која најчесто ја има во почвата, растенијата, ѓубривото и растенија и зеленчук што се распаѓаат.

– Таа е сеприсутна и се наоѓа во почвата и во воздухот па дури и во носот и мукосот на здрави луѓе – вели д-р Акшај Наир, хирург од Мумбај. Инфекцијата ги погодува синусите, мозокот и белите дробови и може да биде животозагрозувачка за дијабетичарите или за лица силно нарушен имунитет, лица со канцер или со ХИВ.

 

Поврзани содржини