Нова студија даде фантастични резултати за тоа какви симптоми имаат вакцинираните ако се заразат со ковид-19
Студијата, во која се испитувани повеќе од 3.900 лица, покажува дека целосно вакцинираните лица се заштитени повеќе од 90 проценти од инфекција.
Луѓето кои биле вакцинирани против коронавирус, доколку се заразат, имаат полесна болест на ковид-19, од оние кои не биле вакцинирани, покажува новата студија на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC).
Студијата, во која се испитувани повеќе од 3.900 лица, покажува дека целосно вакцинираните лица се заштитени повеќе од 90 проценти од инфекција. Според студијата, дури 81 процент имаат помала веројатност да бидат заразени отколку луѓето кои не биле вакцинирани.
– Тоа е дополнителна потврда за ефикасностa на вакцините – рекоа од CDC.
Студија на здравствени работници, оние кои се во првите борбени редови, а кои биле тестирани секоја недела од декември, покажа дека досега 5,00 проценти биле позитивни на коронавирусот. Само 16 од 204 заразени лица биле вакцинирани.
– Наодите од продолжената временска рамка на оваа студија додаваат акумилирани докази дека мРНА вакцините против ковид-19 се ефикасни и треба да ги спречат повеќето инфекции и дека целосно вакцинираните лица кои ќе заболат од ковид-19, веројатно имаат полесна и пократка болест и се чини дека е помала веројатноста за ширење на вирусот кај другите. Овие придобивки се уште една важна причина за вакцинација – се вели во студијата.
Оние кои се заразиле со инфекцијата по една или две дози на вакцината, имале 40 проценти помалку вируси во нивното тело, а 58 проценти помалку веројатно имале треска. Тие поминаа два дена помалку во кревет отколку невакцинирани пациенти со ковид-19.
На работниците им е дадена вакцина за коронавирус во две дози со „Фајзер“ или „Модерна“ и се тестираат секоја недела од декември, без оглед дали имаат симптоми. Ова е единствениот начин да се утврди дали вакцините спречуваат асимптоматски инфекции.